Петмина американски конгресмени во изолација поради коронавирус

3

Петмина членови на американскиот Конгрес се во изолација, вклучително и најмалку двајца републиканци кои контактирале со американскиот претседател Доналд Трамп, откако биле изложени на коронавирус.

Пратеникот Мет Гает патувал во претседателскиот авион Air Force One со кој Доналд Трамп се враќал во Вашингтон. Гает објави дека бил во контакт со позитивна личност на коронавирус 11 дена порано.

„Иако пратеникот нема симптоми, тој остана дома и ние ги чекаме резултатите од неговиот тест“, напиша неговиот тим на Твитер. Тој ќе остане во изолација за време на препорачаните 14 дена.