Петмина обвинители вршат увид по пожар во кој за сега потврдени се десет жртви

24

Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопје се на увид и ќе работата на утврдување на причините за трагедијата во Тетово. Во пожарот кој што избувна околу 21 часот, за сега е потврдено дека загинаа 10 пациенти.

Со полициска лента е обележан просторот околу модуларната болница во Тетово која целосно изгоре за околу 40 минути. Пожарот кој што се проширил со голема брзина е изгаснат, а сега крим – техничарите од МВР и обвинителите ќе вршат увид на местото за да утврдат од каде избувнал пожарот и која е причината.

Во Тетово на местото каде беа сместени пациенти болни од ковид-19 пожарот е целосно изгаснат, а од модуларната болница речиси и да не остана ништо. За сега официјалните информации од министерот за здравство, Венко Филипче се дека официјално потврдено е дека има 10 починати во стравотниот пожар. Точната бројка на пациенти кои биле сместени во модуларната болница за сега не се знае. Надлежните официјални информации најавија за утре.