Петмина починаа, 78 нови случаи на ковид-19 од 894 тестови

114

Починати се 5 лица во изминатите 24 часа по компликации од коронавирус, и тоа тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга, објави на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип-3,
-Виница 1
-Свети Николе 5

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:
-Скопје 72
-Куманово 53
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пробиштип 2
-Ресен 4
-Неготино 1

Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја има 71.24, оздравени се 3.199, починаа 346, активни се 3.579.