Петмина починати и 102 нови случаи на коронавирус во Македонија

9

Пет лица починаа, а потврдени се 102 нови случаи на коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство.

Починатите пациенти се од Скопје (70 години), Кичево (72г.), Куманово (64г.), Прилеп (48г.) и пациент од Штип (76г.). Од МЗ информираат дека сите пациенти се починати во болнички услови.

Во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19 од кои најголем број се во Скопје-39, Куманово-11 и Штип-13.

Во Прилеп-3, Тетово-2, Струга-2, Битола-6, Охрид-3, Кавадарци-3, Гостивар-8, Радовиш-1, Кочани-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Виница-1, Свети Николе-3, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од: Скопје-49, Штип-2, Тетово-10, Струга-17, Охрид-15, Гостивар-2, Струмица-1, Кочани-1, Кичево-1, Ресен-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се девет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 262
• Аеродром – 205
• Бутел – 128
• Гази Баба – 193
• Центар – 150
• Карпош – 165
• Сарај – 105
• Кисела Вода – 179
• Ѓорче Петров – 129
• Студеничани – 92
• Шуто Оризари – 125
• Арачиново – 36
• Илинден – 25
• Петровец – 19
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 8
• Нераспределен- 3