Пет дена рок доби цементарница „Усје“ да го замени мазутот со гас

2

Министерството за животна средина соопшти дека по вонредните инспекциски надзори во Цементарницата Усје се забележува дминување на азотни оксиди кои изнесуваат 711, 9 милиграми на метар кубен од котларата за парно греење која користи мазут, додека измерените параметри од двете печки за азотен оксид (NOx), сулфур диоксид (SO2) и прашина се во рамки на дозволени концентрации според А-интегрираната еколошка дозвола.

Државниот инспекторат за животна средина денеска издаде решение со кое на „Цементарница УСЈЕ“ и се наложува во двата котли за парно греење со моќност од 4,2 мегавати со кои се загрева фабриката да се користи природен гас како гориво, согласно добиената А-Интегрирана еколошка дозвола и да изведе соодветен приклучок за вршење мерење на емисии со акредитирана метода. Рокот за реализирање на задолжението е пет дена.

„Да изврши мерење на емисија на гасови од емитерот – оџакот на парниот котел кој ќе биде во функција, за што рокот на реализирање на задолжението е 10 денови откако ќе биде користен природен гас како гориво, се наведува во решението на Државниот инспекторат.

„ На 4 јануари 2023 година извршени се мерења на емисија на гасови од оџакот на парниот котел со моќност од 4,2 мегавати кој користи мазут како гориво“, образложија од Министерството.