Пејачката која го трогна светот со аудицијата: Се повлекувам, состојбата со ракот се влоши! (ВИДЕО)

2

Триесетгодишната пејачка Џејн Марцевски, попозната и под името Nightbirde, го трогна целиот свет и жирито на натпреварувачкото шоу „Америка има талент“.

Во јуни, таа ја изведе својата песна „It’s OK“, која зборува за последната година од нејзиниот живот, во која се бори со ракот. Лекарите ѝ рекле на Џејн дека има само 2 отсто шанси да преживее, но таа е оптимист.

Сега на Инстаграм објави дека се повлекува од натпреварувањето поради влошување на болеста.

„Споделувањето на моето срце со светот беше чест и остварување на сонот. Какво чудо што болката низ која поминав се претвори во убавина што ги тера луѓето ширум светот широко да ги отворат очите. Од аудицијата, здравјето се влоши и борбата против ракот ја бара сета моја енергија и внимание. Жал ми е што морам да објавам дека нема да можам да продолжам да бидам дел од оваа сезона АИТ. Животот не секогаш им дава пауза на оние кои го заслужуваат тоа, но ние тоа веќе го знаевме. Ја планирам својата иднина, а не своето наследство. Депресивна сум, но сѐ уште имам соништа. Важно е секој да знае дека јас сум многу повеќе од лошите работи што ми се случуваат. Два проценти не е нула. Два проценти е нешто“, напишала Џејн.