Пилатес и јога во новата програма на МОН

29

Историја да не се изучува посебно, туку да се спои во еден предмет заедно со географија кој ќе се вика со едно име, општествени науки. Спојување е предвидено и на предметите биологија, физика и хемија исто така во еден предмет со заедничко име природни науки, а ќе се спојат и ликовно и музичко. Ова е предвидено во Концепцијата за основно образование која Министерството за образование и наука периодов ја презентира пред родителите на основците од училиштата ширум земјава.

Овие предмети ќе ги предаваат наставниците кои до сега ги предавале предметите, и од МОН велат дека нема да има наставници кои ќе останат без работа.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска на пре-конфренција појасни дека нема укинување на предмети, туку интегрирање на повеќе предмети во еден. Овој концепт е во фаза на дискусија, се базира на истражувања и анализи, а ќе има и јавна презентација. Тој, според надлежните, дава можност и за воннаставни содржини и изборни предмети.Меѓу нив ќе бидат и избор на втор јазик, со можност за избор да се учи и Албански јазик, а има и спортско рекреативни предмети кои вклучуваат вежбање на пилатес и јога.

„Министерството за образование и наука продолжува со политика на континуирано унапредување на инфраструктурните услови во образованието, затоа што тоа е една од основните детерминанти на квалитетот на образовниот систем, покрај квалитетот на наставата. Од 364 основни училишта во државата околу 250 имаат спортска сала, а другите имаат спортски игралишта каде учениците изведуваат спортски активности“, стои во одговорот од МОН за спортските сали.