Пинтуро го освои златото во алпска комбинација

4

Втор пат во кариерата Французинот Алекси Пинтуро се закити со златен медал во алпска комбинација, триумфирајќи денеска на Светското првенство кое се одржува во Куршевел и Мерибел.

Францускиот скијач го освои златото пред домашната публика со победа во супервелеслалом и трето место во слаломската трка со што го повтори успехот од Светското првенство во 2019 година во шведски Оре.

Зад 31-годишниот Пинтуро заврши бранителот на титулата Марк Шварц од Австрија со заостанување од десет стотинки, додека бронзата му припадна на неговиот сонародник Рафаел Хасер (+ 44 стотинки).

Утре и в четврток во Куршевел и Марибел на програмата се трките во супервелеслалом во женска и машка конкуренција.