Пиоли лут на играчите на Милан

5

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли има многу замерки за играта во одбрана на својот тим по поразот од Интер (2:4) во натпреварот од 23. коло од италијанскиот шампионат.

„Во првото полувреме, нашата стратегија функционираше многу добро. Можеби заслуживме да поведеме и повеќе од 2:0. За жал, тие два момента во кои моравме да играме многу подобро го сменија текот на натпреварот. Фактот што примивме два гола за три или четири минути стана пресуден. Интер е многу поискусен тим од нас. Тие се многу подобро во можност да играат вакви натпревари. Затоа, тие беа во можност да се вратат. Јас сум лут на моите играчи поради играта во одбрана кои не ги исполнија обврските и затоа бевме казнети“, истакна Пиоли.

Милан со 32 бода е десетти на табелата во Серија А.