Пирс Морган повторно со жестоки критики кон Меган и Хари: Тие се разгалени детишта кои го злоупотребуваат семејството

12

Новинарот Пирс Морган ги нарече Меган Маркл и принцот Хари „разгалени детишта кои го злоупотребуваат семејството“.

Водителот се осврна на поранешните членови на кралското семејство Меган и Хари додека ги фалеше принцезите Еугени и Беатрис. Пирс објасни дека ги сретнал сестрите на забава во Лондон на почетокот на овој месец и им понудил родителски совети.

„Двете принцези ги знам уште кога беа мали и поминуваа низ тешки времиња во центарот на вниманието на медиумите, особено во последно време поради срамното пријателство на нивниот татко принцот Ендру со милијардерот педофил Џефри Епштајн. Тие никогаш не се жалат, ниту даваат плачливи интервјуа во врска со тоа, ниту јавно го клеветат своето семејство“, рече тој.

Водителот додаде дека им рекол дека е благодарен за поддршката од нивната мајка Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

За потсетување, британскиот водител Пирс Морган жестоко ги критикуваше Меган Маркл и принцот Хари уште по првото интервју со Опра Винфри.

„Ако толку многу го мразите кралското семејство, зошто ги чувате своите кралски титули? Зошто постојано се нарекувате војвода и војвотка од Сасекс? Зошто би го правеле тоа ако едноставно не сакате да заработите неколку милиони долари? Преправањето дека сте жртви е искрено болно“, во тоа време изјави водителот.