Плакиотакис: Во изминатите две години грчката крајбрежна служба уапси 250 криумчари на мигранти

3

 

Во изминатите години имаме спасено 40.000 луѓе, во последните две години крајбрежната служба уапси 250 криумчари и разби над 19 мрежи на криумчари на мигранти, а Турција во истиот период нема уапсено ниту едно лице, рече министерот за поморство на Грција Јанис Плакиотакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

Плакиотакис истакна дека во годинава што изминува се соочиле со ист број случаи колку што имало во претходните две години и додаде дека иако мигрантските бранови од Турција се зголемени, грчката крајбрежна служба успеала да ги намали за 80 отсто нелегални обиди за влез во Грција.

-Припадниците на крајбрежната служба во изминатите три години направија значајна работа во чувањето и заштитата на морските граници на земјата. Ги намалија мигрантските бранови за над 80 отсто и тоа го прават решително, смирено, со целосно почитување на меѓународното право, но и со приоритет заштита на човечките животи, истакна грчкиот министер.

Порача дека „ако Турција ги почитуваше обврските кон Европската унија во однос на мигрантите, немаше да постои мигрантското прашање“.