Пластелинска кауза!

10

Албанската кауза во Македонија доживеал секакви турбуленции и да беше пластелин, таа ќе личеше на парк со играчки каде децата ќе градеа куќи и возови за да им конкурираат со сериозен живот на возрасните

 

Од Емин АЗЕМИ

Крајот на годината не донесе ништо спектакуларно во внатре-албанската политичка соработка. Оваа констатација не се однесува на полето на културата, каде сепак се забележаа некои мали движења. Најмалку се прават напори за да се сфати дека националната интеграција не паѓа од небото. Последниот проект – операта „Скендербег“, ги обедини уметниците и креативците од целиот албански простор и тоа е добра вест (мужде) за идна културна соработка на Албанците во регионот.

Секој што очекувал дека тоа ќе се случува и во политика, не само што останал разочаран, туку станал и многу воодушевен. Албанскиот политички ембрион во Македонија се уште страда од недостаток на внатрешна кохезија и за тоа може да се најдат илјада и една причина.

Политиката како природа и како концепт, се уште е далеку да се биде дел од интелектуалниот дух овде кај нас. Овдешниот политичар има бледа биографија и тој обично доаѓа од партискиот активизам, без истакнат професионален интелектуален багаж. За оваа категорија на политичари, внатре албанската соработка е странски поим. Само поделени во населби и нахии, оваа категорија на албански политичари ја гледаат себеси во врвот на нивната кариера, иако таа кариера може да завршува во скутот на некој македонски политичар.

Албанската кауза во Македонија доживеал секакви турбуленции и да беше пластелин, таа би личело на играчки парк каде децата ќе градеа куќи и возови за да им конкурираат со сериозниот живот на големите.

Големи деца на политиката кај нас проектирале херои и предавници, во зависност од нивниот контекст и интерес. Така што, вчерашните предавници, преку ноќ  стануваат соработници, додека денешните херои, утре се претворуваат во предавници.

Година што доаѓа, ќе биде уште еден момент на предизвици во областа на политичката консолидација како држава, додека албанските политички партии, кој повеќе кој помалку, ќе се обидат да го зајакнат својот легитимитет преку понуди и сојузи. Така, изборите најавени за Април, за многумина може да доаѓа со многу непознати, додека останато малку време ќе се користи максимално за да се „освојуваат“, можно што поголем јавен и политички простор во демонстрирање на најновите вештини во привлекувањето на луѓето со убедување и без убедување, на луѓе кои се со маки и без маки.

Меѓутоа, најголема мака повторно ќе останува незавршената работа во годината што ја оставивме зад себе, како во не реформираниот правосуден систем, така и во искоренувањето на државната корупција, криминал  и непотизам.