Побаран притвор за осомничен дилер на марихуана од Гостиварско

49

 

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна посрапка против жител на гостиварското село Сенокос, кај кого полицијата при претрес пронашла марихуана.

– Претресот бил извршен на 18 јануари, во куќа каде осомничениот издржувал мерка куќен притвор за друг кривично правен настан. Притоа, полициските службеници најпрвин со личен преглед на осомничениот пронашле 9,59 грама марихуана, а потоа во помошна просторија во куќата откриле уште 164 ќесички со вкупно 333,39 грама марихуана и дигитална вага со траги од дрога, информираат денеска од Јавното обвинителство.

Од тие причини, се наведува во соопштението, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик, па јавниот обвинител поведе истрага против осомниченото лице.

По предлог на надлежниот јавен обвинител, Основниот суд во Гостивар на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.