Победа на Данела Арсовска со над 28.000 гласа разлика

10

Независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска вчера освои убедлива победа над противкандидатот од СДСМ, Петре Шилегов.

На страната на Државната изборна комисија утринава се објавени резултатите од 100 отсто преброени гласови. Според истите Арсовска победата ја запишува со разлика од над 28.000 гласови.

Петре Шилегов во вториот круг од изборите има освоено 90.682, додека Арсовска освоила 118.765 гласови.