Повеќето од тенисерите беа тестирани синоќа во Задар, но Новак Ѓоковиќ не се појави

26

Во претходните денови се играше тенискиот турнир „Адрија Тур“ во Задар, кој беше откажан вчера, откако се објави дека Григор Димитров е позитивен за коронавирус.

Голема паника се појави во овој хрватски град, откако беше потврдено дека Димитров е заразен затоа што во претходните денови ги посети скоро сите спортски настани во Задар, на кои присуствуваше публика.

Јасно е дека ова ги шокираше организаторите на турнирот, а пред сè се однесува на Новак Ѓоковиќ. Сепак, според хрватските медиуми, Ѓоковиќ не бил тестиран за коронавирус вчера, па решил да го направи тоа кога се врати во Белград.

Повеќето од тенисерите беа тестирани синоќа пред зградата на поликлиниката и Институтот за јавно здравје во Задар. Ѓоковиќ не беше меѓу другите тенисери и одлучи да биде тестиран по неговото враќање во Србија.

Организацијата „Адриа тур“ синоќа објави дека првиот тенисер во светот е шокиран од сите настани, и дека е дискутабилно дали воопшто ќе се игра остатокот од турнирот.

Многумина се загрижени за Ѓоковиќ затоа што тој бил во постојан контакт со Димитров, но според првите информации, тој се чувствува добро и нема никакви симптоми. Сепак, тој ќе биде тестиран веднаш по неговото враќање во Белград.