Повисоката минимална плата е добра мерка, но популистичка и предизборна

6

Од ВМРО-ДПМНЕ го поддржаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, но сметаат дека тоа е популистичка мерка пред избори и оти не е објаснето како е стасано до сумата од 14.500 денари бидејќи не е приложена никаква анализа.

-Принципиелно гласавме и го поддржавме овој закон бидејќи секогаш ќе бидеме на страната на работниците и секое законско решение што нешто значи за нив, ќе го поддржиме. Сепак според нив се поставува прашањето што ќе се случува со економијата во земјава по изборите. Сметаме дека е потребно да се подобри бизнис климата која, во која има неизвесност и се влошува, бројни се реакциите на работодавците, а тоа би можело лошо да се одрази на работниците. Потребно е зголемување на продуктивноста на вработените и да се преземе нешто зошто високостручните кадри заминуваат во странство. Тоа значи дека треба драстичен хируршки зафат, владеење на правото, правна регулатива и сигурност, велат од партијата.

Од партијата посочуваат дека ќе имаат бројни предлози за подобрување на состојбите особено врзани со трудово-социјалниот сектор, платите, пензиите, регулирање на односите во инспекциските надзори, се со цел подобра благосостојба на граѓаните, но ова дополнително ќе биде презентирано во предизборната кампања.