Повторно се стресе тлото во Албанија: Земјотрес ос јачина од 3,7 степени го погоди Драч

3

Сеизмолошкиот завод регистрирал утринава во околу 4 часот земјотрес со средна јачина со епицентар кај албанскиот град Драч.

Како што се наведува, земјотресот со таа јачина не можел да предизвика материјална штета.

„Секторот за сеизмологија на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија, во 4 часот и 14 минути регистрирал земјотрес со средна јачина, со епицентар од 20 километри северно од Драч. Јачината на земјотресот во жариштето изнесувала 3,7 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет од 5-6 степени според Меркалијева скала“, наведуваат од Заводот.

Според прелиминарните податоци на обработка, жариштето на овој земјотрес лоцирано е на длабочина од 10 километри, пренесува РТЦГ.

„Овој земјотрес не можел да предизвика материјални штети во епицентралното подрачје“, истакнале од Сеизмолошкиот завод на Црна Гора.