Поглаварот на МПЦ ОА на 5 јуни ќе ја одржи првата заедничка богослужба со Вартоломеј ?!

0

Во очекување на официјален став на Српската православна црква (СПЦ) во контекст на признавањето на Вселенската патријаршија на нашата Македонска Православна Црква Охридска Архиепископија, (МПЦ ОА) , медиумите од соседството веќе најавуваат „агенда“ на активности на поглаварот на МПЦ ОА , г.г. Стефан.

Бугарскиот весник „ Дневник“ во текст посветен на црковните состојби по канонското признавање на МПЦ-ОА од страна на Вселенската патријаршија, која ја повика црквата од Скопје да го бара решението за автокефалност низ дијалог со Српската православна црква (СПЦ), објави дека „на празникот Св. Тројца на 5 јуни годинава, поглаварот на Македонската православна црква (МПЦ-ОА) г.г Стефан ќе ја одржи првата заедничка богослужба со вселенскиот патријарх Вартоломеј во Цариград“.

Од Синодот на нашата црква ниту ја демантираат ниту ја потврдуваат точноста на ваквата информација.

Претходно неколку српски медиуми повикувајќи се на неофицијални извори пишуваа дека СПЦ ќе ја потврди одлуката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој на 9 мај ја призна црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и дека со тоа воспоставува канонско и литургиско општење со неа.