Погребна поворка во Ла Паз се претвори во антивладини протести

25

Боливиската полиција во четвртокот со солзавец растеруваше голема погребна поворка која прерасна во противладини протести во Ла Паз, пренесува агенцијата AFP.

Илјадници луѓе кои ги носеа ковчезите на петтемина убиени во судирите во вторникот, се симнаа од Ел Алто, кој формира агломерација со престолнината Ла Паз и се смета наклонета на поранешниот левичарски претседател Ево Моралес кој се засолни во егзил во Мексико.

На Плоштадот на свети Франциск во центарот на Ла Паз луѓето кои ги носеле ковчеците прекриени со венци и домородни шарени знамиња ги обвил гас, па порале да ги спуштат на земја, неколку метри од воено оклопно возило.

„Сакаме правада… Сакаме правда“, извикувале демонстрантите обвинувајќи ја власта дека два дена претходно наредила да се пука во демонстрантите кои ја блокираат рафинеријтата Сенката, неколку километри од Ла Паз. Владата засега отфрла дека има одговорност за овие жртви.

„Не опсипија со куршуми. Беше крваво“, рекол за AFP, Руфињо Копа, 42-годишен земјоделец, учесник во поворката против самопрогласената привремена десничкарска претседателка Жанин Ањез.

„Бараме правда, не сакаме таа госпоѓа да биде претседателка“, додала припадничка на домародната индијанска заедница која на грбот го носела своите осумесечно дете, барајќи да остане анонимна поради страв од одмазда.

Судирот избувнал кога војската и полицијата се обиделе да ја деблокираат рафинеријата во Ел Алто кој демонстрантите ја заземаа една седмица претходно барајки оставка од Ањез. Во тој судир загинаа вкупно осум луѓе, па така бројот на жртвите во постизборната криза во Боливија се искачи на 32 убиени.

Ево Моралес, првиот боливиски претседател од домородниот народ, се повлече од должноста на 10-ти ноември под притисокот на протестите на опозицијата и откако од него тоа го побара војската, иако се чинеше дека и на повторените оспорени претседателски избори ќе избореше победа. Веднаш потоа со објаснување дека му е загрозен животот доби политички азил во Мексико. По неговата оставка неговите приврзаници секојдневно претестираат на улиците на Ла Паз и во другите поголеми градови во Боливија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео вети дека ќе ја поддржи преодна влада на Жанин Ањез кој ја покрена постапката за распишување нови избори.