Пожар во ковид-болница во Букурешт, настрадаа четири лица

18

Најмалку четири лица настрадаа, а неколкумина се повредени во пожар во ковид-болницата во Букурешт, соопштија романските власти. Пожарот избувнал рано утрово на приземјето на болницата, во кое се сместени околу 120 лица.

Официјални лица соопштија дека починале пациенти кои биле на лекување од Ковид-19. Болницата е евакуирана, а во меѓувреме пожарот е изгаснат. Причината за пожарот е непозната.

Во ноември, во пожар во болница во северна Романија загинаа 10 пациенти кои се лекуваа од Ковид-19.