Пожар во фабриката „Киро Дандаро“ во Битола

8

Силна експлозија предизвика пожар во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола. Експлозијата се слушнала околу 22 часот синоќа, по што на терен интервенирала Противпожарата единица од Битола.

Според првичните информации во пожарот нема повредени и настрадани лица, само е причинета материјална штета.

Во печатницата „Киро Дандаро“ се печатат материјалите за избори.