Пожар голта град во Чиле, во тек е масовна евакуација (ВИДЕО)

5

Пожар во сиромашен кварт на крајбрежниот чилеански град Валапараисо уништи најмалку 120 куќи додека пожарникарите се мачат да го стават огнот под контрола, соопштија властите.

Страшниот пожар продолжува да се шири и да го голта градот, јавува Би-би-си. Во тек е масовна евакуација на населението.

Огнената стихија, помогната од летните температури на јужната хемисфера и силниот ветер, пламнала на шумското подрачје по што се проширила на градот во централно Чиле. Се сомнева дека пожарот е намерно запален.

Жителите ги напуштале своите домови среде прославата на Божиќ, при што некои го изгубиле целиот свој имот, па дури и домашните миленици, јавува Ројтерс.

Струјата е исклучена за дури 90.000 домови.

„Ангажирани се сите пожарникарски служби на градот Валпараисо, а помагаат и пожарникарите на соседните градови“, соопштија пожарникарите на Твитер. Се евакуираат и два соседни кварта.

Валпараисо, познат по своите шарени дрвени куќи, е популарен меѓу туристите во таа јужноамериканска земја.