Познатите личности во Иран користат возила на Брза помош за да ја избегнат гужвата

9

Славните личности и добро платени приватни учители користат возила за Брза помош како би ја избегнале собраќајната гужва во Техеран, вели шефот на иранската приватна амбуланта.

Можтаба Лохрасби за новинарската агенција Исна потврди дека тврдењата за „ овој феномен“ се вистинити, ама дека ситуацијата „не е толку сериозна како што велат другите“.

Главниот обвинител на Техеран наредил да се обезбеди регулативата со која се уредува употребата на Брзата помош.

Али Лохрасби  вели дека полицијата е „многу зафатена“ и не може да ги осигура дека ќе се почитуваат овие правила. Тој исто така додаде дека „возењето Брза помош за да се избегне сообраќаен метеж во Техеран не е ограничено“ на познати личности и наставници, но не влезе во детали.

Додека некои корисници на  социјалните мрежи во Иран се налутени од злоупотребата на Брзата помош, некои ги повикаа граѓаните да не ги спречуваат амбулантните возила да си ја вршат работата.