Познато името на првата жртва во еупцијата на вулканот во Нов Зеланд

15

Првата идентификувана жртва во ерупцијата на вулканот на Нов Зеланд е Ив Бровит од Мелбурн. Таа на вулканот била со семејството. Нејзиниот татко Пол и сестра ѝ Стефани се хоспитализирани со тешки повреди, пренесуваат медиумите.

Досега се потврдени 15 жртви, а дваесет од нив се на одделението за интензивна нега каде се згрижени поради тешки изгореници.

Полициските нуркачки екипи трагаат по телата на жртвите во контаминираните води околу вулканскиот Бел остров, каде видливоста се уште е многу лоша. И денес тие се обидуваа да ги пронајдат преостанатите две жртви во ерупцијата.

Прочитајте и… Гојковиќ: Постигнат е договор изборите да не се одржат во март
Ерупцијата се случи во понеделникот, а вукланската пепел го контаминираше морето во близина на островот, па нуркачите мораат да се чистат по секое нуркање. Заменик-комесарот на полицијата, Џон Тимс, условите за пребарување ги нарече единствени и многу предизвикувачки, пренесува „АП“.

И покрај активноста на вулканот и стравот од нови ерупции, војската во петокот успеа да ги пронајде телата на уште шест туристи. Уште две лица, за кои се претпоставува дека се капетан на брод и туристички водич, се водат како исчезнати, но се верува дека не преживеале.

Нуркачите ја започнаа потрагата во петокот, но беа принудени да ја прекинат поради влошување на временските услови. Авионското пребарување на островот е прекинато за време на ноќта.

На островот во моментот на ерупцијата се наоѓаа 47 туристи заедно со нивните водичи.