Познато лице во соблекувалната на Дончиќ: Размената на дресови беше неизбежна (ФОТО)

17

Лука Дончиќ одигра уште еден маестрален натпревар во дресот на Далас Маверикс.

Со трипл-дабл учинок од 30 поени, 17 скокови и 10 асистенции, тој ги предводеше Мавси до победата над Њу Орлеанс Пеликанс и уште еднаш го покажа целиот свој раскошен талент.

По натпреварот, Лука беше пречекан од познато лице во соблекувалната. Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден, Азар е во Далас каде ќе биде подложен на операција.

Се разбира, размената дресови беше неизбежна, а средбата беше повеќе од срдечна.