Покрај Димитров има уште тројца тенисери позитивни на ковид-19, меѓу нив и Борна Чориќ

Откако беше потврдено дека Григор Димитров има коронавирус, тестирани се сите останати тенисери кои играа на турнирите во Белград и Задар, информациите од Хрватска велат дека има уште заразени.

14

Според хрватските медиуми уште тројца тенисери се заразени од вирусот, официјално се уште не се откриваат имиња, но „Н1“ дознава дека еден од нив е хрватскиот тенисер Борна Чориќ.

Позитивен на ковид-19 е и кондицискиот тренер на бугарскиот тенисер Григор Димитров.

Вкупно 1023 луѓе се тестирани, во оваа бројка се сите играчи, тренери и потесниот тим.

Се организираат сместувања, места за карантин каде ќе бидат сместени позитивните на коронавирус, а ќе се собираат и информации за нивните контакти.

Новак Ѓоковиќ организираше тениски турнири во Белград и Задар, но особено во Србија не се почитуваа никакви мерки, напротив имаше и забава за тенисерите во затворена просторијата. Олабаавувањето на мерките кај нашиот северен сосед го дозволува тоа, но очигледно не е најпаметен потег во ова време да се прават забави и да се игра турнир без одредени протоколи за ковид-19.