Политико: Европската комисија подготвува тужба против „АстраЗенека“

10

Европската комисија се подготвува да поднесе тужба против „АстраЗенека“, соопшти „Политико“, цитирајќи пет неименувани дипломати на Европската унија.

На вчерашниот амбасадорски состанок повеќето земји-членки на ЕУ изјавиле дека ќе ја поддржат тужбата против компанијата во врска со поплаките дека не ги испорача договорените дози од вакцината против коронавирусот до Европската унија.

Судската постапка има за цел да ја принуди „АстраЗенека“ да ги обезбеди дозите предвидени во договорот со ЕУ, се додава во информацијата што цитира неименуван дипломат.

астразенекаевропска комисијатужба