Полициска акција во Арачиново: Меѓу приведените и полициски службеник

43

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека утрово се спроведува полициска акција во Арачиново, а меѓу приведените е и полициски службеник.

„Утрово имаше полициска акција во врска со недозволена трговија со оружје и дрога. По повеќемесечна истрага, во Арачиново се приведени осум лица, а меѓу нив и еден полициски службеник и едно лице во Свети Николе“,

соопшти Спасовски.
Се очекува МВР во текот на денот да излезе со повеќе детали.