Полицискиот час и другите мерки ќе бидат продолжени за уште седум дена

65

Главниот координативен кризен штаб, по предлог на Комисијата за заразни болести донесе став да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за продолжување на сегашните рестриктивни мерки и за продолжување на полицискиот час. Одлуката ќе ја носи Владата на утрешната седница.

Комисијата за заразни болести смета дека даваат резултати рестриктивните мерки кои се во сила и на Главниот координативен кризен штаб му предложи да донесе одлука за продолжување на мерките. Штабот пред малку го прифати предкогот и донесе одлука да ѝ предложи на Владата мерките да се продолжат за уште седум дена, по што состојбите со епидемијата повторно би биле разгледани.

Полицискиот час во траење од 22 до 5 часот и неработењето на угостителските објекти ќе останат во сила доколку Владата донесе одлука. За потоа се размислува угостителските објекти да можат да примаат гости само на отворен дел.