Полицијата приведе едно од двете лица кои направија инцидент во автобус на ЈСП

28

Доцна синоќа полицијата привела еден од двете лица кои во автобус на ЈСП Скопје се однесуваа агресивно и упатуваа закани кон останатите патници, потврди Министерството за внатрешни работи.

Се уште не се знае дали е пронајден и вторниот учесник во овој инцидент.

Инаку, засега не се знае ни кога точно се случил настанот и на која релација сообраќал автобусот.