Полицијата ќе се „насели“ во куќата на Адолф Хитлер

45

После повеќе години нејаснотии и судски спорови, во Австрија конечно е донесена одлука за иднината на родната куќа на нацистичкиот лидер, Адолф Хитлер, лоцирана во местото Браунау.

Во неа ќе се смести полицијата. Летово зградата во сопственост ја презема државата, а конкурсот за нејзиниот изглед ќе биде распишан за архитекти од цела Европа.

Како што е соопштено, во куќата ќе биде сместена општинската команда на полицијата и полициската станица Браунау. Таквата одлука на државата е образложена со потребата за конечно ставање крај на таканаречениот „нацистички туризам“ во цела Европа, преку кој симпатизери на национал-социјалистичкото движење доаѓаа да се поклонат пред домот на Хитлер.