Помилувана поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Гуен-хје

0

Властите на Јужна Кореја денеска соопштија дека е помилувана поранешната претседателка Парк Геун-хје, која е осудена на 20 години затвор поради голем корупциски скандал, што ја забрза нејзината смена во 2017 година.

Јужнокорејскиот министер за правда Парк Беом-кје изјави дека поранешната претседателка е помилувана „во перспектива на националното единство”.

Врховниот суд на Јужна Кореја во јануари ја потврди затворската казна од 20 годин за Парк.

Парк, кој е прва жена избрана за претседателка на Јужна Кореја, беше осудена во 2018 година на 30 години затвор за корупција и злоупотреба на власта. По повеќе жалби и нови судања нејзината казна беше намалена на 20 години затвор.