Поминаа измените на Изборниот законик, Дебар и Маврово – Росуше се селат од „шестката“ во Петтата изборна единица

3

Пратениците утринава со 75 гласа „за“ го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Во последен момент во измените на Изборниот законик влезе и промената на гласачки места во Петтата и Шестата изборна единица, на барање на ДУИ. Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од Шестата во Петтата изборна единица.

Претходно по речиси шест часа расправа пратениците ја разрешија Рашела Мизрахи од функцијата министер за труд и социјална политика.

За недела на пладне е најавена седница за распуштање на Собранието, а претходно се очекува да бидат изгласани Предлог-законот за ЈО и за Советот на јавните обвинители.