Помошник на Путин во обиколка на нуклеарната централа „Запорожје“

5

 

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин ја посети нуклеарната централа „Запорожје“, што се наоѓа во делот на јужна Украина што е анектиран од Русија, соопштија локалните руски власти.

Сергеј Кириенко, функционер во Кремљ одговорен за надзор на внатрешната политика на Русија и поранешен шеф на државната нуклеарна корпорација, разговарал за безбедноста на централата, соопшти Владимир Рогов, претставник на руската воена администрација во тој дел на Украина.

„Сергеј Киријенко ја посети нуклеарната централа – ја провери безбедноста на објектот и условите за работа на вработените во ’Росатом’“, вели Рогов во својата објава на Телеграм.