Поништени 89 решенија на Наќе Чулев за распоредување во МВР

6

Поништени се решенијата за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари оваа година, информираше Владата.

Врз основа на Законот за Влада на Република Северна Македонија, на синоќешната седница е усвоена одлука за поништување на 89 решенија за распоредување на работно место што ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев на 6 и 7 февруари годинава.