Поплави на северниот дел од Кина, најмалку 15 лица загинаа, а 20.000 куќи беа уништени

12

Најмалку 15 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати, во големите поплави кои ја зафатија кинеската провинција Шанси.

Како што објави кинеската државна телевизија, повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а околу 120.000 се евакуирани на безбедно.

Речиси 20.000 куќи се уништени, а околу 18.000 имаат посериозни штети.

Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).