Поповски: Во ЕУ нема да влеземе пред 2030 година

23

„Ние сме на 10-15 години од ЕУ, 2030 година е идеално сценарио да станеме членка. Се спротивставувам на тоа дека сега се одлучува за влегување во ЕУ, договорот е потпишан во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ, имавме прва заедничка меѓувладина седница, без потпишан договор, во Ќустендил. Дел од овие работи за Коридорот 8 потекнуваат од тогаш. Договорот не ги решава прашањата сам по себе. Останаа отворени прашања уште тогаш“ рече Никола Поповски во Студио 10.