Попоски: Гаранции во писмена форма никогаш нема да добиеме

1

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во гостување во летното издание на „ClickPlus“ на ТВ21 вели дека Македонија никогаш нема да добие гаранции во писмена форма дека нема да има дополнителни барања за отстапки и промени во текот на преговорите со ЕУ.

„Ние гаранции во писмена форма никогаш нема да добиеме, да ни речат немајте гајле само ќе си смените ова и после тоа терајте и на шини сте, што би рекле, за во Европската унија, затоа што и до сега во пракса сме го гледале тоа. Ние имавме референдум неодамна на кој се повикувавме на отпочнување на преговори за ЕУ доколку прифатиме определени решенија, гледаме дека не е така. Во меѓувреме три пати не блокираа и на шест совети поминуваше тоа прашање. Значи такви гаранции наивно е да очекуваме. Нема да ни дадат“, рече Попоски.