Поради магла намалена видливост на патиштата во голем дел одземјата

2

 

Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патишта во државава, информираат од ЈП „Македонија пат“ од каде посочуваат дека сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

– Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Охрид – Ресен, Охрид – Струга, Македонски Брод – Кичево и на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на патниот правец Штип – Струмица и Штип – Неготино, Тетово – Скопје и од 100 до 150 метри на патните правци Велес – Катланово, Катланово – Велес и Светин Николе – Куманово, стои во соопштението.

Од АМСМ дополнуваат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони и апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.