Поради пробиени рокови за потпишување на новиот Колективен договор Синдикатот за култура во вторник ќе штрајкува

14

Синдикатот за култура во вторник ( 24.12.2019), ќе одржи еднодневен предупредувачки штрајк поради повеќе пробиени рокови за потпишување на новиот Колективен договор, на кој се чека 15 години., велат од СКРМ.

Министерството за култура минатата недела до Владата требаше да подготви информација дека работната група ја завршила работата околу подготовката на новиот Колективен договор. Но , од Правната служба на ресорот Култура, не го сторија тоа и ни рекоа дека е од технички причини. Информацијата сепак беше подготвена за доставување неделава на владина седница, но поради службен пат на министерот за култура Хисни Исмаили, постапката не е спроведена. Поради тоа што немаме нова информација за подготвениот за потпишување, Колективен договор, а рокот за тоа беше повеќе пати пробиен, решивме да излеземе на еднодневен предупредувачки штрајк, велат од СКРМ.
Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите од културата и уметноста и ќе значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејноста, помошно-техничкиот персонал и на административниот кадар.А, по завршување на новогодишните празници, штрајкот ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на барањата, дополнуваат од СКРМ. Незадоволството од непотпишувањето на новиот Колективен договор, од Синдикатот за култура го изразија на еднодневен протестен марш, што се одржа на 08. октомври, годинава. Со потпишувањето на новиот гранков Колективен договор , вработените во установите од културата и уметноста, очекуваат да им се дефинираат работните места, правно да им се вреднува трудот, да добијат додатоци на плати и дневници, како и да се определат критериуми за безбедност и заштита при работа. Овие синдикални права се дел од Законот за работни односи.