Поради случаи на ковид: Франција затвора 22 училишта, во Србија прв случај на заразено дете

39

Три дена од почетокот на учебната година, во Франција се затворени 22 училишта се затворени, откако во нив се откриени случаи на коронавирус.

Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланкие, утринава соопшти дека во се работи за 12 училишта на континенталниот дел на земјата и десет на островот Реунион.

„Погодени се околу стотина одделенија, бројката се менува секојдневно. Дневно имаме по околу 250 сигнализирани сомневања за заразени и тие се поврзани со надворешни фактори“,

истакна Жан Мишел Бланкие, додавајќи дека нема место за паника, бидејќи во однос на 60 000 основни и средни училишта во земјата, тоа е релативно мала бројка.
Франција не е единствената земја каде веднаш по почетокот на учебната година се појавија првите случаи на заразени ученици. На почетокот на август, со иста ситуација се соочи и Германија, кога само неколку дена откако покраината Мекленбург- Предна Померанија стана првата во Германија која ги отвори училиштата по летните одмори, околу 800 ученици беа принудени да се вратат во своите домови откако еден наставник беше позитивен на тестот за ковид-19. Иако заразениот наставник не држел настава таа недела, училиштето беше затворено.

Уште 100 ученици од основно училиште во регионот на Росток беа ставени во двонеделен карантин откако еден нивни соученик бил позитивен на вирусот.

Случајот „Железник“
Од нашето соседство, во Србија, каде учебната година започна на 1 септември, едно училиште во Железник веќе се соочи со предизвикот на ковид-19, откако на првиот ден е откриено дека едно дете од трето одделение е позитивно.

Властите најавија кривилна одговорност за родителите кои не информирале дека чекаат резултати од тестирање, и детето го пратиле на училиште.

Властите најавија дека ќе следат засилени контроли од просветната инспекција и во домовите и во училиштата.

Министерот за образование на Србија, Младен Шарчевиќ, изрази особена загриженост за состојбата во средните училишта, откако главниот епидемиолог во Србија, Предраг Кох алармираше дека учениците не носат маски. Шарчевиќ вели дека во случајот одговорноста е на директорите и доколку не се спроведуваат мерките, најави одговорност од нив за повреда на службената должност што ќе подразбира и нивна смена.