Поради тешки изгореници почина момчето во чиј стан вчера изби пожар

5

Почина 24-годишниот А.С. кој се здобил со тешки изгореници на телото од пожарот што вчера изби во неговиот стан во Тетово. Младиот тетовец се наоѓал под респираторниот апарат на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивна нега, но и покрај третманот, лекарите велат дека длабочината на изгорениците нанесело штета на многу негови витални органи, објави телевизија Алсат.

Според првичните информации, пожарот го опфатил станот на улицата „Димо Гавровски“ во Тетово, поради експлозија на плинска боца, а каде што живеел сега починатиот А.С.

Дванаесет соседи пак побарале лекарска помош поради вдишување на чад.