Поразот тешко им падна: Нејмар и Донарума на работ од тепачка во соблекувалната

11

Нејмар и Џанлуиџи Донарума наводно имале меѓусебен конфликт во соблекувалната, по елиминацијата на ПСЖ во Лигата на шампионите.

Францускиот гигант имаше минимална предност од првиот натпревар, а погоди и во воведното полувреме на „Сантијаго Бернабеу“. Меѓутоа, тимот на Карло Анчелоти не се откажа и направи целосен пресврт, со три гола на Карим Бензема во продолжението од мечот.

Бразилецот го критикувал италијанскиот голман за грубата грешка при израмнувачкиот погодок на мадриѓани. Чуварот на мрежата не останал имун и на соиграчот му возвратил со обвинување дека по негова грешка „паднал“ вториот гол. Потоа тргнале и физички да се пресметаат, но поголем инцидент бил спречен со брза реакција од соиграчите. Ваквиот однос доволно кажува дека нешто не функционира во соблекувалната на „принцевите“.

Маурицио Почетино има проблеми да ги контролира многуте ѕвезди во тимот, па се очекува наскоро да ја заврши својата авантура во француската престолнина.