Поранешен косовски премиер доби покана како осомничен да се појави пред судот во Хаг

3

Поранешниот командант на Генералштабот на ОВК и поранешен премиер и министер за одбрана на Косово Агим Чеку е поканет во Хаг.

Тој ја примил поканата вчера, а во неа се наведува дека треба да се појави на рочиштето пред Специјалното обвинителство во Хаг на 28 септември. За порталот „Коха.нет“, Чеку изјавил дека бил повикан како осомничен.

„Вчера добив повик како осомничен. Патувам на 28 септември”, кусо изјавил тој.

Со повикот на Чеку, Специјалниот суд во Хаг го комплетира бројот на поканети членови на Генералштабот на ОВК и најголемиот број команданти на зоните.

Според информациите од Здружението на ветерани на поранешна ОВК, досега околу 250 нивни членови се повикани пред Специјалниот суд како осомничени или сведоци.