Поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски почна со отслужувањето на казната во затворот во Прилеп

3

 

Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски почна со отслужувањето на затворската казна во затворот во Прилеп. Талевски од вчера е спроведен Во КПД во Прилеп, потврди директорот на прилепскиот затвор Александар Дамески.

-Осуденикот е спроведен во затворот и почна со издржувањето на казната. Го очекуваме комплетирањето на целосната документација. Во затворската казна се пресметува и времето поминато во куќен притвор, рече Дамески.

Талевски е осуден на осум години затворска казна во случајот „Транспортер“. Затворската казна му е изречена поради злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на учениците во Битола.