Поранешниот дечко милијардер ја тужи Наоми Кемпбел, бара да му врати 3 милиони долари

18

Рускиот милијардер Владислав Доронин ја тужи неговата поранешна девојка, светскиот топ-модел Наоми Кемпбел, бидејќи, како што вели, таа не му ги вратила милионите што му ги должела. Според правните документи до кои дојде порталот ТМЗ, Доронин вели дека Кемпбел сè уште поседува дел од неговиот личен имот.

Наоми и Владислав беа пет години во врска, од 2008 до 2013 година, а во тој период Доронин ѝ позајмил на Наоми поголема сума, која, како што тврди рускиот милијардер, никогаш не му ги вратила.

Покрај тоа, Доронин тврди дека освен пари, не сака да врати некои од неговите работи, чија вредност наводно е околу 3 милиони долари.

Рускиот бизнисмен го изградил своето богатство на недвижен имот, а денес е сопственик и претседател на управниот одбор на „Аман ресортс“.

Во времето кога тие биле во врска, Доронин ја опсипувал со внимание и скапоцени подароци Наоми, престојувале во најскапите хотелски апартмани, а уживале и во луксузни крстарења на приватни јахти. Честопати заедно престојувале во неговата вила на приватниот остров Клеопатра во Турција.