Поранешниот сопруг на Северина за одземениот син: Некои работи мајка не смее да си ги дозволи

6

Милан Поповиќ за Курир.рс, прифати да ја искоментира пресудата на која старателството над малолетниот син со Северина, му припадна нему. Поповиќ вели дека Северина ќе може да го посети синот кога ќе посака, без разлика на пресудата.

Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко рамноправно родителство и мојата намера е да продолжам така да се однесувам. Прво ќе и предложам на Северина детето да биде со неа, доколку бидам спречен поради работата да се грижам за него.

Дали очекувавте ваква пресуда?

Оваа пресуда требаше да биде донесена од порано. Оваа постапка се оддолжи поради тоа што Северина не доаѓаше на рочиштата и тактиките кои ги одолговлекуваше нејзиниот адвокатски тим.

Задоволен или не задоволен, во овој момент тоа не е битно. Битно е дека оваа пресуда е најдобра за нашето дете.

Мислите дека Северина не е добра мајка?

Не можам да одговорам на ова прашање, но факт е дека во последно време се случија работи кои една мајка не смееше себе си да си ги дозволи. Овде не се работи дали одземањето на дедето од мајката, како што тимот од Северина упорно се обидува да претстави во медиумите. Детето во иднина едноставно повеќе време ќе поминува кај мене, а помалку кај мајката.

Како ќе му објасните на синот дека ќе живее кај вас?

Не можам да зборувам за деталите за мојот син.

Какви се вашите права, а какви се правата на Северина?

Нашите права секогаш беа исти и ќе бидат еднакви, се надевам дека Северина ќе свати дека конечно на нашето дете ќе му пружиме мирно детство.

Дали Северина ве контактираше откако ви го предаде синот?

Таа не разговара со мене еве веќе неколку години.

Хрватската пејачка Северина го загуби старателството над својот малолетен син, откако судот пресудил привремено Александар да живее со таткото, бизнисменот Милан Поповиќ.
Правниот тим на Поповиќ, а и самиот тој, велат дека се задоволни од одлуката на судот и пресудата, иако истата уште не е правосилна.