Португалија ќе и испрати на Украина тенкови „Леопард 2“

5

 

Португалскиот премиер Антонио Коста денеска изјави дека во Украина ќе испрати тенкови „Леопард 2“, додавајќи дека неговата земја преговара со Германија за набавка на делови потребни за поправка на неупотребливите тенкови „Леопард“ од португалските вооружени сили.

Коста не соопшти колку тенкови ќе бидат испратени во земјата што една година се соочува со инвазија од својот сосед Русија.

-Работиме на организирање на испораката. Знам колку тенкови ќе испратиме во Украина, но тие информации ќе ги соопштиме во соодветно време, изјави Коста за агенцијата „Луса“ за време на патувањето во Централноафриканската Република, пренесе Гардијан.

Адмирал Антонио Силва Рибеиро, командант на вооружените сили на Португалија, минатиот месец изјави дека Португалија има 37 тенкови „Леопард 2“, по што локалните медиуми објавија дека повеќето од нив биле неисправни.