Посетител ги тормози магарињата во Зоолошка, се пофали на ТикТок

4

Зоолошката градина во Скопје често е омилено место за луѓе кои се обидуваат да станат популарни на социјалните мрежи, со вознемирување и тормозење на животните.

Последниот ваков пример се појави на ТикТок денеска, а на снимката, потпишана од корисникот на ТикТок (@liriuseini), може да се види што се случува кога ќе потфрли домашното и секое друго воспитување.

Тина Мицковска од ЗОО Скопје не ја крие разочараноста од ваквите постапки, кои се случуваа и во минатото, кога беше вознемирувана лавицата Бела.

„Ваквите снимки треба да не едуцираат како не треба да се однесува еден возрасен човек“, разочарано вели Мицковска.