Последиците од земјотресите може да бидат стравични: Научниците предупредуваат на појава на цунами во Грција

5

Сеизмолозите веруваат дека деструктивните земјотреси се неминовни, откако вчера потреси ги стресоа Босна и Херцеговина и Албанија, а се тресеа и грчките острови и Атина, Посебно Грција е склона на земјотреси, со најмала јачина од 6 степени според Рихтерова скала секоја година.

„Постојат подрачја како источниот Коринтски залив кои акумулираат многу сеизмичка енергија која треба да се солободи“, изјавил вчера за Сан професорот Акис Целентис, шеф на Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина, додавајчи дека сеизмолозите очекуваат дека суигурно ќе има потреси со јачина од 6,5 степени.

Целентис е загрижен дека земјотресот може да има епицентар близу некој град и укажува дека тоа може да се случи во наредните години.

„Атина би била погодена и сигурно некои градежни објекти“, додал тој.

Тука е и заканата од потенцијално цунами. Целентис вели дека постои ризик од големи бранови предизвикани од потресите.

„Дури и бран висок еден мотар може да претставува закана кога се островите така згуснати. Иако се ретки, постои и опасност од цунами“, укажал Целентис.

„Иако сум загрижен поради можноста од голем потрес во близина на некој град, друга голема грижа ми е цунамито во подрачјето на Егејското море кое е полно со туристи“.

Сеизмологот Ефтимиос Лекас исто така предвидува повеќе моќни потреси кои неминовно ќе имаат големи последици по регионот. Оваа закана се зема толку сериозно што во август морнарицата спровела вежба за спасување на повредени во случај да потресот предизвика цунами.

Научниците, дознава Сан, планираат да ги надгледуваат деловите на медитеранското дно за да им помогнат на центрите за предупредување од цунами во детектирање на знаци за подводен потрес.

„Сигурно ќе има дополнителни потреси со јачина од 5,9 степени според Рихтер во следните часови или денови“, рекол вчера Лекас, додавајчи дека се може да се случи.